| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Заев е против документарците за македонската независност, историската заднина на противењето на Грција кон Македонија, јазикот и нацијата

za zaevvvvvvvvЛидерот на СДСМ Зоран Заев вчера посочи разговор помеѓу Премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јаканиевски, материјал од кој може да се заклучи дека Груевски посочува да се разгледа можноста да се префрлат одредени средства со цел изработка на документарни филмови. Иако опозицијата се обиде да скандализира, лесно може да се заклучи дека нема ништо необично, а најмалку незаконско во целиот разговор. Република дојде до имињата на документарците кои се изработени и може да се заклучи дека е завршена одлична работа во насока на оставање на траен белег за историјата на овие простори и историскиот развој на македонскиот народ.

20 години независност; Еден век прогонство; Букурешкиот мировен договор; Тито и македонското прашање; Историската заднина на противењето на Грција кон Македонија,македонскиот јазик и македонската нација; потоа Грчката колонизација на Македонија 1912-1949 година; Лидерите на Македонија во комунизмот, се само дел од насловите на документарните серии на кои ако се додадат и документарните емисии за историските личности како Гоце Делчев, Даме Груев, Павел Шатев,  Методија Шаторов Шарло, Христо Татарчев, и други од групата на македонски револуционерни дејци, пополнија огромна празнина во македонската документаристика. Ова се само дел од документарните филмови кои се направија и се своевиден доказ дека тие пари се потрошени наменски. Со ова се поставува прашањето дали Зоран Заев е против македонската независност, против тоа да има документарец во кој се изнесуваат историски факти за Историската заднина на противењето на Грција кон Македонија, македонскиот јазик и македонската нација, против лидерите на Македонија во комунизмот, против Гоце Делчев, Павел Шатев, за кого има направено исклучителни документарци чија улога и значење е повеќенаменска.

Овие документарни серии го поттикнаа развојот на македонската историографија, но и најважно поттикнуваат и го задоволуваат интересот на македонската јавност за историските личности и процеси, оценуваат историчарите.

-Направивме голема работа во поглед на тоа што значи информирање на македонската јавност за голем број на историски настани личности и процеси кои што се случувале во минатото. Во документарните серии беа употребени голем број на документи и фотографии. Во нивната разработка беа интервјуирани голем број на историчари. Исто така, беа расветлени и објаснети голем дел од оние работи кои ние ги кажуваме и пишуваме во документарните програми, а за кои поголемиот дел од македонската јавност речиси воопшто и ништо да не знаеше- вели професор Никола Жежов активно учествуваше во голем дел од снимените документарни серии и емисии посветени на македонската историја.

Жежов објаснува дека и во делот на историските настани и во емисиите посветени на историските личности се одело во детали, за секој актер, за секој процес, а дека притоа биле изнесени и многу нови факти.

-Мислам дека сега се бројат околу стотина документарни програми. Многу нови работи се кажани таму. Се обидувавме на еден едноставен начин да ги објасниме историските процеси и настани и тоа што сега го направивме. Можеби сега не се гледа колку голем и важен проект е тоа, но кога ќе помине еден подолг период, за од 10 до 20 години, ќе се види дека навистина со документарните програми направивме еден голем пресврт  во поглед на тоа што значи развој на македонската историска наука. Па и на самата историографија , иако се ова документарни емисии.

Всушност, со документарните емисии и серии, историјата и историските наоди се доближени до пошироката јавност. Научната работа со која беше запознаена мала и стручна јавност, сега е разбирлива за пошироката јавност која се запознава со она што е негово културно и историско наследство, но и може низ еден историски аспект да ги протолкува актуелностите,.

-Токму со прикажувањето на овие серии кои се емитуваат на повеќе телевизии, мислам дека го постигнавме тој ефект. Некои од нив се репризираат по неколку пати, но од разговорите кои ги имам со гледачите, тие се прилично задоволни од тоа што го гледаат и што го слушаат. Ги покривме речиси сите периоди од македонската историја од антиката па до крајот на 20-тиот век.

Дел од сериите се однесуваат на поблиската историја се поврзани повеќе со сведоштва на актуелните учесници во настаните. Таков проект беше 20 години независност, што предизвика огромно внимание и популарност.

-Тоа е огромен проект кој е многу популарен, со обработка на секоја година одделно во нова епизода, со учество на голем број на јавни личности, свидетели на сите тие настани. Тоа на историската материја и дава една живост ја приближува до обичниот гледач, затоа што можеби голем дел од работите, иако овие настани се пресни, беа заборавени во овој 20-годишен период, но ете актерите кои учествуваа во создавањето на независноста на Македонија, со своите настапи токму во таа серија придонесоа да се создаде еден квалитетен производ- додава Жежов.

Всушност, последните неколку години се пополни една празнина од долг временски период во кој обработката на историските процеси беше, како вели Жежов, запоставена. Целиот приод последните неколку години е многу опсежен и детален.

-Ова не е проект на еден човек историчар. Тука се вклучени над 50- 60 историчари, доктори на науки, па дури и студенти учествуваат во овие серии. Мислам дека постигнавме полн погодок Така што сметам дека е направена една голема работа. Не само од нас историчарите кои бевме вклучени, туку и од продукциските куќи во целиот процес на подготовката. Овие години имаше голема поддршка од институциите, од државата, од МРТ, кои се неопходни за вакви проекти. Политиката сега е во тој правец, да се објаснат голем број историски настани, па и во развојот на историската наука, не се само документарните серии, тука се и голем број на монографии за историски личности и настани. Владата постигна еден полн погодок што ги поддржа овие продукти, а и МРТ која секаде е главен продуцент, главен учесник во овие серии. Таа направи еден огромен подвиг кој тешко ќе се повтори наскоро- посочува Жежов.

Во документарната продукција во земјава со овој приод се застапени сите временски периоди, се оди во детали, се оди прилично аналитично во подготовката на овие проекти. Особено кога се обработува 20-тиот век, кога ги имаме всушност и најголем број на настани, во правец за што пообјективно да се објаснат историските настани и личности. Нивната популарност, пак, дава и нов ефект и импулс кај младите за историската наука

-Документарните серии ја популаризираа историјата како наука последните неколку години, а сето тоа побуди интересирање и кај најмладата популација, што е добро- оценува Жежов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top