Сител стигнал до Првата пресуда за случајот ПУЧ. Според нив пресудата ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски. Звонко Костовски кој вчера доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.
Во пресудата која Сител ја добил користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека делата на вработениот во МВР кој вчера беше осуден започнале во 2010.
Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премниерот Груевски, министерката Јанкуловска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвенковски и РШ на Радмила Шекеринска.
Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.
– Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.
Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.
Со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од верушевски. За соработката на екс разузнавачот со лидерот на СДСМ пак во јавноста протече писмо во кое се договоараат деталите за така наречениот ПУЧ.
Во продолжение погледнете ја целата пресуда, од која се изземени личните податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.