| четврток, 6 декември 2018 |

Во декември просечната нето-плата изнесувала 22.407 денари

пари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари и во однос на декември 2013 година е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 16,9 проценти, градежништво за 11,5 проценти и преработувачка  индустрија за 8,8 проценти. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите стручни, научни и технички дејност, за 19,8 проценти, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 проценти и други услужни дејности 9,7 проценти).

Во декември 2014 година бруто-платата изнесувала 32.741 денар, а 1,2 процент од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top