Не е точно дека сум побарал надзор за Македонија во Советот на Европа, рече претседателот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното собрание, Жорди Ксукла. Со ова тој директно ги демантираше опозицијата и нејзините медиуми.
– Земајќи ја предвид погрешната интерпретација на мојата последна изјава објавена на 24 февруари за актуелната политичка ситуација, со која Македонија се соочува во последно време, невозможно е да се заклучи дека јас сум побарал враќање на Република Македонија во постапка на мониторинг во Советот на Европа. Само зли/нечесни мисли би можеле да изнесат таков заклучок од мојата изјава. Уморен сум од пристрасни и неточни интерпретации на моите зборови. Нема да се изјаснувам за ова прашање до следниот состанок на Мониторинг комитетот, кој ќе се одржи во Париз на 17 март 2015 година – вели Ксукла.
Ваквата реакција на Ксукла доаѓа по неточните написи дека тој се премислил и сега барал независна истрага и правда. Дали медиумите контролирани од опозицијата, а финансирани од страна на Сорос преку лаги и манипулациии сакаа да ја извртат неговата првична изјава?!
Претходно, првично Ксукла излезе со силна осуда на заканите на Зоран Заев кон Никола Груевски. Тој во реакцијата до медиумите напиша дека е убеден дека повеќето од разговорите со кои се заканува Заев не се точни и дека се производ на странски тајни служби.
Првиот човек на европските либерали го повика Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно да ги почитува демократските стандарди, како и да заземе конструктивна и активна соработка во политичкиот систем на Македонија и достоинствено да се однесува во целиот овој процес.
– СДСМ целосно да ги искористи и оствари мандатите во Собранието на Република Македонија – изјави Ксукла.
А1 он, Плуснфо, Либертас и Фокус излегоа со идентични наслови дека европратеникот Ксукла го осуди „Пуч“, па се премисли и сега бара независна истрага и правда за Македонија. Реакцијата на Ксукла покажува дека ова е обид за манипулацијата и лагите кои ги шират медиумите на Сорос. Медиумите контролирани од опозицијата последната изјава на Ксукла во којашто ја демантира лагата ја игнорираа и не ја објавија на место и со помпа со која беше првично исфорсирана лагата којашто сакаа да ја протнат. Самата манипулација која ја прават медиумите е на ранг на меѓународен скандал особено што следи реакција од угледен европски политичар кој реагира по очигледната манипулација.
Бранко Героски, првиот човек на „Плусинфо“ и Ацо Кабранов од „Либертас“ се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ, но истовремено медиумите Плусинфо, Фокус, А1 он и Либертас се познати по огромната финансиска поддршка која ја добиваат од Фондацијата „Сорос“ на Владе Милчин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст