| четврток, 6 декември 2018 |

По поплавите во Новаци, поднесени 320 барања за штети

поплави

Општина Новаци регистрира околу 300 барања за штети врз земјоделски површини, 20 барања за штети врз објекти и една куќа која е целосно уништена.

Од Општината наведуваат дека Комисијата за процена на штети при Општина Новаци постојано е на терен за утврдување на фактичката состојба.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, информира дека досега се собрани околу 1,2 милион денари парични средства донации од повеќе компании. 

– Од ФК „Вардар“ односно од неговиот сопственик Сергеј Самсоненко  на семејството Мицевски, чија куќа е целосно уништено, ќе му се дадат градежни материјали во износ од 10.000 евра. Исто така, сакам да ги посочам ИМБ Млекара Битола, „Кромберт и Шуберт“, збратимените општини Хрпеље-Козина од Словенија и Дуги Р‘т од Хрватска, кои исто така финансиски ни помогнаа, но и поранешни жителите на општината, иселениците од дијаспората и други – посочи Котевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top