| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Ковач: Немам контакт со сестра ми Кристина

Во новата сезона на „Икс-фактор“ повторно член на жирито ќе биде Ковач, но овојпат постарата сестра Александра. При крајот на минатата сезона, тогашната менторка Кристина Ковач јавно се откажа од сестра си преку „Фејсбук“.

После овој скандал, Александра вели дека се уште не е во контакт со Кристина.

–  Тоа е, за жал, така. Долго не сме во контакт, патиштата ни се разделија. Тоа што се случи и натаму останува без објаснување и без извинување, ќе видиме како ќе биде – вели Александра во интервју за „Ексклузив“.

Претставувањето на кандидатите пред новото жири и снимањето на втората сезона на „Икс-фактор“ почна вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top