Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска ќе бидат одбележани 11 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
Во Скопје, во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Цвеќе ќе биде положено и на спомен-обележјето во Ротимље во БиХ.
Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загинаа претседателот на Македонија, Борис Трајковски, и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
За несреќата, која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Сaлко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.
И во двата извештаи, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се пилотските грешки и други индиректни системски пропусти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст