| четврток, 6 декември 2018 |

Се прислушувало на два начина

eavesdropping social networksКој ги снимал телефонските разговори? Ова е едно од најпоставуваните прашања од јавноста, одговор што го бара народот. Премиерот Никола Груевски вчера даде свој одговор на ова прашање. Вели, откако Зоран Заев му ја упатил заканата, МВР регистрирала два начини на кои се снимале разговорите.

Првиот начин, за кој беше предаден на суд и за кој веќе денеска објавија и медиумите дека имаме и една судска правосилна одлука е следниот. Според сведочењето и признанието пред истражните органи во правосудната постапка на двајца од притворените, лицето ЗВ врбувал две лица кои му помогнале во снимање на матерјалите за што добиле парична надомест. Двете лица според сознанијата кои ги добив, го признаа делото пред истражните органи во кривчната постапка, и како што пред малку видовме од медиумите судот веќе едно од лицата кое во целост го признало делото го осуди за виновно и му изрече затворска казна. Лицето Ѓ.Л. кое патем речено во времето кога лицето ЗВ извршувал висока државна функција во МВР било негов прв соработник, во тоа време откако се соочило со доказите на МВР и обвинителството за стореното кривично дело, го признало делото признавајки дека како познаник и повеќе годишен соработник на лицето ЗВ по негово барање го врбувал лицето З.К. вработен во УБК од 1993 кој е најискусниот и главен инжињер во МВР односно во УБК и кој работел токму на опремата за следење на комуникации во МВР која се користи само во законски одобрена постапка. Тој му кажал дека на ЗВ му се потребни снимени матерјали со цел нивно давање на странска разузнавачка служба, а заради нејзини потреби за следење на политичките и општите состојби во РМ. За тоа му била ветена а потоа и реализирана парична награда во повеќе наврати. Материјалите биле доставувани до трет фактор, и користени за анализа и други дејствија.

Лицето З.К. ја прифатило незаконската понуда и нелегално, спротивно на закон ги приклучувало на снимање сите броеви кои доаѓале како нарачка од лицето ЗВ, а во посредство на лицето Ѓ.Л. Снимените материјали ги предавал редовно на лицето Ѓ.Л., а овој пак на лицето ЗВ, по што следела паричната награда. И двајцата пред истражните органи изјавиле дека биле убедени дека тој материјал ќе заврши само кај странска разузнавачка служба, и дека никогаш нема да биде објавен јавно, што им влевало надеж дека никогаш нема да бидат разоткриени. Кај двете лица во извршениот претрес и проверки најдени се материјални докази за истотото и поголеми количини на пари и акции. Меѓу другото во претресот на лицето З.К. пронајдени се и ЦДа со снимени телефонски разговори и тоа е пронајдено токму во неговата канцеларија.

Снимањето според нивните искази започнало некаде во 2010 тата година.

Ќе повторам, двете лица го признаа делото пред надлежните институции. Судот веќе едното лице го осуди за виновно и лицето З.К. доби затворка казна за што пред малку објавија о медиумите. Пресудата е правосилна бидејки обвинетиот во целост го призна делото.

Со ова паднаа во вода и сите обвинувања на опозицијата дека ние стоиме зад прислушувањето за што всушност тие немаат ниту еден доказ. Ниту еден. Тоа им беше само параван за да почнат со објавувањето и јавноста да ги ослободи од некаква одговорност и да ги разбере дека нели тие биле репресирани и сега ќе објавуваат какви нелуѓе сме биле ние. Па шпекулираа со различни бројки, дека имало 26 илјади прислушкувани, па 20 илјади и слично, сето тоа наменски, за да создадат страв кај луѓето дека којзнае што имаат за некој од нив, односно да имаат можност да го балансираат гневот на граѓаните од фактот дека едно лице како Зоран Заев го има нивниот приватен живот на компакт диск, дека го руши системот на оваа земја, дека директно ги нарушува државните интереси, и ја руши приватноста на граѓаните – вели Груевски.

Според него вториот начин како се снимало е со т.н тактичка опрема.

 -Откако Зоран Заев започна да ги упатува заканите кон мене, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверка и утврди дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушкување и снимање на телефонски разговори, користејки мобилна опрема, чија локација постојано се менува, а која функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици. Се правела промена на местоположбата, а во радиус од околу 2 километри од институциите, главно во центар, од каде се лоцирале токму и телефоните на државниот врв и носителите на јавни функции, и таа опрема ја приклучувале во одреден дел од денот најчесто помеѓу 12 и 18 часот.

МВР за ова има и писмен извештај за наодите кои произлегоа од нивната работа, но досега неуспеа да ги лоцира сторителите, заради што, истрагата за ова сеуште е незавршена. Она што беше посочено е дека нивната анализа укажува дека оние кои го обавуваат снимањето со мобилната тактичка опрема се професионалци од висок калибар, високо обучени за такви дејствија.

Да сумирам дека, во изминатиот период Македонија била таргет на снимање на телефонски разговори на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници од РМ. Снимениот матерјал се преведувал на англиски и се испраќал кај нарачателот. Во еден момент, некаде кон средината на 2014та година, за овие матерјали се информира и лицето Зоран Заев со цел да бидат објавени во јавноста и да биде исполнета одредена цел на тајната разузнавачка служба која е нарачател и финасиер на оваа операција. Лицето Зоран Заев најпрвин се обидува да изнуди техничка влада користејки закана дека ќе го објави овој материјал, за подоцна откако уцената ќе се одбие, да ја реализира заканата. Директните извршители се уапсени, а за еден од нив кои во целост го признал делото, како што денес дознав од медиумите, судот веќе изрече казна затвор. За останатите ќе следи судската постапка – посочи премиерот на прес-конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top