Дел од информациите за кои се тврди дека се од прислушуваните телефонски разговори од странска разузнавачка служба, како што истакна на вчерашната прес-конференција премиерот Никола Груевски, не се точни, за тоа кои се веродостојни ќе се утврди во судската постапка.
– Откако информирав дека дел од прераскажаните разговори кои ми ги прераскажуваше Зоран Заев беа делумно точни, дел половично точни и половично неточни и дел целосно неточни. Во јавноста еден период имаше шпекулации што тоа тој ни кажал и кои разговори се точните разговори. Односно дека наводно сум признал дека нешто е точно, рече Груевски.
Заев, како што рече премиерот, му прераскажал неколку разговори, кои, главно биле неважни и без некоја тежина. – Но требаше да послужат да ме убедат дека навистина тој има такви разговори снимени. Целта беше да ми биде дадено до знаење дека заканата е реална, а не блеф, изјави Груевски.
Вели му прераскажал разговор во кој нему му јавува пратеник кој се пожалил од односот на еден министер. – Јас телефонски веднаш контактирав со министерот прашувајќи го зошто го навредил пратеникот, на што министерот негираше дека нивната дискусија била онаква каква што мене ми ја претстави пратеникот за што посочи и сведоци од присутните на нивната дискусија, именувајќи ги сведоците присутни по име, посочи Груевски.
Вториот пример, според премиерот, е од изборите во 2013 година кога пратеник на ВМРО-ДПМНЕ револитиран од провокациите на терен во струмичкиот регион во разговор со директорот на УБК изразувајќи револт од односот кон него на некои активисти на СДСМ во лутина го информира дека размислува да се пресмета физички со него, употребувајќи во нервоза радикални зборови, на што директорот на УБК го советува да не го прави тоа.
– Но имаше и други разговори кои ми беа потенцирани, а кои укажуваа дека се целосно измислени и монтирани како на пример дека за прашања од областа на надворешната политика јас многу често се советувам со еден наш пратеник пред воопшто да разговарам со министерот за надворешни работи, а станува збор за пратеник со кого реално јас се имам слушнато два-три пати на тема неповрзана со надворешната политика во последните четири години. Затоа реков јавно, а тоа му го кажав и нему директно дека постојат разговори кои се неточни, а некои од нив делумно точни, затоа што не е тешко со денешната технологија кога имате илјадници разговори од некого да монтирате и да ги ставите во одреден контекс и функција, потенцира Груевски.
Премиерот рече дека во неговата канцеларија не се снима, како што многумина се прашуваа. – Никогаш не се снимало, ниту ќе се снима, освен доколку како во случајот Обвинителството не издаде таква наредба, а по претходно оправдана пријава заради што беше монтирана, а потоа демонтирана опрема за снимање во мојата канцеларија, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст