| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во мојата канцеларија никогаш не се снимало незаконски, ниту ќе се снима

zaevng
– Во мојот кабинет никогаш не се снимало ниту ќе се снима, освен доколку, како во случајот обвинителството не издаде таква наредба, а по претходна оправдана пријава – посочи премиерот Никола Груевски на денешната пресконференција одговарајќи на прашање – „Дали во неговата канцеларија постојано се снима“?

На конференцијата на која Груевски одговори на сите прашања поврзани со актуелните политички случувања во земјава, посочи дека во случајот кога лидерот на опозицијата Зоран Заев бил снимен била монтирана, а потоа демонтирана опрема за снимање во неговата канцеларија, по претходна наредба дадена од обинителството. Причина за тоа биле заканите и уцените кои претходно ги упатил опозицискиот лидер Зоран Заев.

-Пред воопшто да побара средба со мене, Заев намерата ја соопштил на 200-300 луѓе, пријатели, сопартијци, познаници, новинари. Тие интересната информација ја прераскажувале на нивните познаници, блиски, соработници. Во период од неколку недели голем број луѓе на широко прераскажуваа што се планира . Па таквите информации стигнаа и од мене од поголем број страни. Кога Зоран Заев побара средба со мене, веќе знаев дека ќе следува закана и уцена од најголем вид. Случајот уредно го пријавив во надлежните институции, по што обвинителството издаде наредба за таканаречени ПИМ мерки во што влегуваше и снимање на разговорот, а потоа и останатите разговори на средбите со Зоран Заев. Информациите се потврдија уште на првата средба кога Зоран Заев ме информираше за материјалите добиени од странски служби, по што следеше барањето за формирање на техничка влада. На ова сите се сведоци – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top