Овие бројки покажуваат дека како резултат на добрата политика која што ја спроведува Владата во изминативе години, капиталните инвестиции се зголемени за цели 280 проценти. За споредба, во 2005 година реализацијата на капиталните расходи изнесувала 10 милијарди денари, додека во 2006 година таа бројка изнесувала 9,6 милијарди денари.
Исто така, 2014 година за Македонија претставува и историски најуспешна година во поглед на крупните проекти во делот на инфраструктурата.
Имено, во патната инфратруктура, по пауза од неколку децении започната е изградбата на 104 километри нова автопатска мрежа, поточно изградба на два нови модерни автопати. Првиот е „Гоце Делчев“, автопат кој води од Скопје до Штип со должина од 47 километри во вредност од 205 милиони евра, додека вториот е автопатот „Мајка Тереза“ од Кичево до Охрид во должина од 57 километри во вредност од 374 милиони евра, која претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Во 2014 година продолжи со изградба и новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица со должина од 28 километри во вредност од 219 милиони евра. Изградбата на овие три автопатишта преставува изградба на 132 километри автопатска мрежа или 50 отсто од веќе постојната автопатска мрежа. Нивната изградба добива уште поголема тежина дотолку повеќе што никогаш досега во Република Македонија, но и во регионот, не се одвивала изградба на три автопати истовремено.
Дополнително, во 2014 година се работеше и на изградба на пет регионални патни правци и еден експресен пат (Велес – Кадрифаково) со вкупна должина од 83,4 километри.
Огромни средства и капитални инвестиции не се реализираа само во патната инфраструктура, туку и во железничката инфаструктура. Започнати се досега најкрупните проекти во железничката инфраструктура кои ќе значат комплетно поврзување кон Албанија и Бугарија. Исто така по 33 години, лани започна и реконструкцијата на Железничката станица во Скопје, вредна 2,5 милиони евра.
Но според податоците на Министерството за финансии, освен во патната и железничката инфраструктура, во 2014 се инвестираше и во училишта, градинки, културни домови, библиотеки, водоводи, канализациски мрежи, пречистителни станици, спортски игралишта и сали и други капитални проекти.
Сите овие капитални инвестиции и крупни проекти во делот на патната инфраструктура, изградбата на трите автопатишта, на регионалните и локалните патни правци, на инвестициите во железничката инфраструктура, во образованието, комуналните и енергетските проекти, ќе креираат повисока економска активност на и во државата и ќе дадат огромен придонес за зголемување на конкурентноста на македонската економија на светскиот пазар, што со сигурност ќе значи огромен бенефит, како и подобар и поквалитетен животен стандард и услови за граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.