| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Гапиќ: Огромна е жлбата за освојување на двојна круна оваа сезона

Risto Gapic

Да се биде на чело на најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички, не е само предизвик туку голема одговорност и уште поголема привилегија вели за Република, Ристо Гапиќ претседател на КК Работнички. Тој нам ни открива детали за впечатоците од освоената деветта титула, како и за тоа кои се неговите предизвици за клубот и даде одговори за тоа дали ќе аттакуваат за првенство.

Честитки за освоената деветта титула на КК Работнички освоена на Купот на Македонија, кои се вашите впечатоците?

– Искрено, очекувавме тежок натпревар со КК Кожув и тоа се случи, без разлика на крајниот резултат. КК Кожув играше цврсто и ја посакуваа победата исто колку и ние. Оваа куп титула е многу важна за КК Работнички бидејќи токму за тоа работиме, за да го вратиме стариот сјај на најтрофејниот кошаркаски клуб во Македонија.
Долго време се подготвувме за купот и не беше залудно. Момците на теренот покажаа како се игра со искуство, но и со срце. Не сакам да навредам никого, но овој состав на КК Работнички е нешто посебно. Искуството, добрата одбрана, максималната концентрација и пожртвуваноста на терен, сметам дека беа пресудни за освојување на деветтата куп титула.

Kup Rabotnicki 2015  (4) (Custom)

Што ви претстои во блиска иднина, каков тип на натпревари, како би се пласирале?

– Ни претстојат уште натпревари кои ќе бидат доста незгодни. Се надевам дека ќе успееме да се пласираме во плеј–оф завршницата. Стручниот тим на чело со тренерите Докузовски и Србиновски ја подобрија атмосферата и формата во тимот и очекувам добри резултати во иднина. Јас верувам во нашите кошаркари и тие го докажаа својот капацитет на последните два натпревари од Купот на Македонија.

Ќе ни откриете ли дали имате желба за освојување на двојна круна оваа сезона?

– Како управа очекуваме само добра и максимално посветена игра во натамошните натпревари, а со тоа убеден сум дека успехот ќе дојде сам по себе. Ме охрабрува фактот дека од натпревар во натпревар КК Работнички игра се подобро и подобро. Но, не кријам дека желбата е огромна за освојување на двојна круна оваа сезона.

Kup Rabotnicki 2015  (1) (Custom)

Од неодамна вие сте Претседател на КК Работнички, кој е вашиот предизвик да се биде на чело на клубот?

– Да се биде на чело на најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички, пред се е голема одговорност, привилегија и исто така предизвик. Буквално, пораснав со клубот а сега ми се оствари една од моите желби уште од мали нозе. Ќе работам напорно се со цел за доброто на сите нас, секако тоа да биде тимски на секој план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top