| четврток, 6 декември 2018 |

„Икс-фактор“ ги претстави новите водители

Местото на водителката Ана Михајловски Грубин годинава ќе го заземе хрватската водителка Антонија Блаче. Од продукцијата на „Икс-фактор“ ја претставуваат како шармантна, харизматична и насмеана. Таа е најпозната по водењето на „Големиот брат“.

Рамо до рамо со неа ќе застане Александар Радојчиќ, српски актер најпознат по улогата во двете продолженија на филмот и серијата „Монтевидео“.

Македонската водителка Снеже Велков повторно ќе биде позади сцената заедно со кандидатите.

– Изборот на добри водители е пресуден за едно шоу да биде успешно и мислеме дека го пронајдовме триото кое ќе заблеска и ќе не води низ оваа сезона и ќе ни прави да ни е забавно, драматично, да поминеме низ солзи и смеа и да почувствуваме нешто – велат од продукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top