| четврток, 6 декември 2018 |

Католички свештеник фатен како пуши марихуана

priest-pic
Полицијата во полскиот град Гливице привела еден млад локален католички свештеник, откако бил фатен како пуши марихуана со двајца членови на црковниот хор.

Полициска патрола ги затекнала 26-годишниот свештеник и двајца хористи на возраст од 16 и 17 години, како пушат марихуана во еден автомобил паркиран во шума во околината на Гливице.

– Кога ја отвори врата на автомобилот ме удри облак на мирис на маихуана, изјави еден од полициајците за весникот „Газета Виборча“.

Полицијата информира дека при приведувањето кај свештеникот биле откриени 2,4 грама марихуана.

Локалната бискупија не сакала да го коментира случајот. – Единствно што знаеме е дека свештникот не ја минал ноќта во црквата. Ги проверуваме информациите за неговото приведување, соопшти претставник на биксупската управа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top