–Украина и Обединети Арапски Емирати потпишаа договор за соработка во воената и техничката област – изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко на почетокот на посетата на Емиратите.
Порошенко не даде детали за содржината на договорот. Тој ја даде изјавата додека беше во посета на изложбата IDEX-2015 во Абу Даби. Тоа е најголемиот настан во воена техника и оружје на Блискиот Исток, на која присуствуваат претставници на компании за оружје, на влади и армии.
На прес-конференција Порошенко рече дека на IDEX-2015 Украина потпишала 20 договори за испорака на оружје, при што истакна дека тоа е одбранбено, јави ТАСС. Според него, следните испорачувачи на оружје за Украина се „европски, американски и блискоисточни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент