| четврток, 6 декември 2018 |

Во два самоубиствени напади во Нигерија загинаа 27 луѓе

 

нигерија

Во денешните два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот дел на Нигерија загинаа најмалку 27 луѓе, а повеќе десетици се повредени.

Првата експлозија се случи на автобуска станица во североисточниот нигериски град Потискум, при што загинаа најмалку 17 луѓе, а над 50 се повредени.

Нападот го изврши жена-самоубиец, која се обидела да се качи во автобус пред да го активира експлозивот.

Другата експлозија се случи четири часа подоцна на автобуска станица во Кану, најголем град во северна Нигерија, кој е често цел на напади на Боко харам. Двајца бомбаши-самоубијци активирале експлозив во автобус, при што загинаа десет луѓе.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top