| четврток, 6 декември 2018 |

Лагард скептична за грчкиот план за реформи

лагард

Планот на Грција за реформи е доволен за доделување на помош на земјата, но недостигаат суштествени детали, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Лагард во писмото до претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум истакна дека грчкиот список е опширен, но не е доволно конкретен.

– Во некои сфери, како борбата со даноќните измами и корупцијата, сум охрабрена од тоа, бидејќи изгледа како силна решителност на новите власти во Атина. Во неколку области, вклуќително можеби во најважните, писмото не дава јасни објаснувања, дека Владата планира да ги спроведе очекуваните реформи. Меѓу другите сфери, кои предизвикуваат вознемиреност се политиката за пензиите и данокот на додадена вредност, како ни реформите на пазарот на трудот- истакнува Лагард.

Министрите за финанции од еврозоната и одобрија на Грција помош во замена за планот за реформи, предложен од Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top