| четврток, 6 декември 2018 |

За Тамара… (фото)

Protest za Tamara zdrastvo (14) (Custom)

Граѓани денеска протестираа во центарот на Скопје барајќи оставка од одговорните за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која почина пред да биде испратена на лекување во Турција.

Протестот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а продолжи низ центарот на градот и заврши пред Министерството за здравство.

На протестот беше побарана оставка од министерот за здравство и од директорите на Фондот за здравствено осигурување, како и одговорност од одговорните лица и членови на првостепената и второстепената комисија на Фондот.

Поради смртта на Тамара, односно, како што наведоа, од лични, човечки причи, оставки денеска поднесоа директорите на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази.

Деветгодишната Тамара од Велес боледуваше од сколиоза и почина пред да замине на лекување во Турција. Институтот за судска медицина по извршената обдукција, соопшти дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.

Protest za Tamara zdrastvo (13) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (12) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (11) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (10) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (9) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (7) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (6) (Custom)

Protest za Tamara zdrastvo (4) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top