До Државниот санитарен и здравствен инспекторат е доставен извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска, од страна на Институтот за судска медицина.
Во извештајот од обдукцијата се утврдени причините за смртта. Причината за смртта не е сколиоза, туку извршената обдукција покажува дека причината е бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза. Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.