Раководителката на дописништвото на агенцијата „Ројтерс“ од Пакистан и од Авганистан, руската новинарка Марија Головнина, е пронајдена мртва во нејзината канцеларија во Исламабад.
Како што јави ТАСС, 34-годишната Головнина била пронајдена денеска во седиштето на дописништвото во бесознание, по што веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите утврдиле дека е почината.
Претставникот на плакистанската полиција Абдул Сатар соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека Головнина, најверојатно, починала од природна смрт, но дека конечните заклучоци ќе бидат изведеи дури откако ќе заврши обдукција на нејзиното тело.
Головнина е ќерка на раководителот на дописништвото на ТАСС во Јапонија, Василиј Головнин. Таа се вработила во „Ројтерс“ во 2001 година, прво во дописништвото во Токио, а потоа и во седиштето на агенцијата во Лондон. Била дописник на „Ројтерс“ од Русија, Сингапур, Јужна Кореја и од Централна Азија, а од 2013 година раководеше со дописништвото на агенцијата во Исламабад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст