| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија нема канцерогени бебеши производи

bebe so cucla

На македонскиот пазар нема канцерогени бебешки производи, тврдат од пазарниот инспекторат. По информациите за штетни пелени и цуцли во Србија, инспекторатот нема добиено никакво известување за опасни производи во регионот. Истражувањето на Српската асоцијација на потрошувачи АПОС кое наводно покажало присуство на токсични хемикалии кои може да го нарушат бебешкото здравје беше демантирано и од тамошното министерство за трговија.

-Резултатите од истражувањето кои ги објави АПОС потполно се ирелевантни и како такви ја вознемируваат јавноста бидејќи се невистинити и непрецизни. Здружението за заштита на потрошувачи може да спроведе независни испитувања и јавно да ги објави добиените резултати, ама под услов доколку има опасни производи за нив да да се наведат точни, прецизни и јасни информации, а не да се прави паника во јавноста, истакнаа од српското министерство за трговија.

Во конкретниот случај не беа објавени имињата на производители, ниту кои производи наводно се штетни, што според пазарниот инспекторат е неопходен услов за да се проверат податоците и да се преземат законски мерки како што се повлекување од промет и предупредување до потрошувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top