| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Војна со Украина? Такво апокалиптично сценарио нема да видите!

путин2Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека не е веројатно оти ќе дојде до војна со Украина, пренесува „Ројтерс“.

– Мислам дека такво апокалиптично сценарио е малку веројатно и се надевам дека тоа никогаш нема да се случи – изјави Путин за руската телевизија „Русија 1“. Путин, исто така, рече дека не гледа потреба за уште еден состанок со челниците на Франција, Германија и на Украина за решавање на судирот на истокот на таа земја. Ако се почитува договорот од Минс за прекин на огнот и за повлекување на тешкото оружје од боиштата, тоа е пат за нормализација на состојбата во регионот, оценува рускиот претседател.

Тој ги повика украинските власти да направат сѐ „во таа голема европска земја“ за животот да се нормализира и да се решат односите на југоистокот на земјата „на цивилизиран начин“, јавува „Франс прес“.

Примирјето во Укриана официјално стапи во сила на 15 февруари. Оттогаш украинската војска и бунтовниците не престануваат да се обвинуваат за прекршување на примирјето поради што никако не може да почне повлекувањето на тешкото вооружување, што, исто така, е предвидено со договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top