| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврти автобус, повредени 40 патници

uvidjaj-udes_620x0

Четириесет лица се повредени, од кои дваесет потешко, во сообраќајна несреќа во близина на Лесковац. Сообраќајката се случила на делницата од Врабовица кон Ниш кај селото Долно Крајинце, кога се превртело возило преполно со емигранти. Пет емигранти имаат повреди што се опасни по живот, а станува збор за повреди на ’рбетниот мозок и крвавење на мозокот.

Емигрантите, според првичните информации, доаѓале од Нигерија, Бангладеш и од Сирија, а во Србија влегле илегално. Нивниот пат, најверојатно, водел кон Унгарија и ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top