Снежна бура во понеделникот го погоди американскиот југ и запад, а откажани се многу летови и затворени се училишта. Поголемиот дел од земјата се подготвува за уште еден студен бран. Издадено е предупредување за подрачјето на југоисточна Калифорнија преку Луизијана затоа што арктичкиот фронт се прошири кон југ и исток откако донесе обилни снежни врнежи во Колорадо, извести Националниот метеоролошки центар.
Во Денвер паднаа 15 до 30 сантиметри снег, а на повисоките предели на планинскиот венец Роки Маунтајнс има и до 61 сантиметар снег. Температура под нулата е забележана и во делови од Тексас, Луизијана и Арканзас, со просек од минус 14 Целзиусови степени. Голомразицата и замрзнатиот дожд се многу опасни во тие краишта.
Во меѓувреме, милиони Американци очекуваат нов удар на арктички студено време на источниот брег. По кратко затишје, жителите од Вашингтон до Бостон ќе почувствуваат драматичен пад на температурата в понеделник. Во Њујорк температурата може да достигне минус 15 степени, велат метеоролозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.