Трендот на зголемување на бројот на зависници од алкохол во Чешка е уште присутен и според статистичките податоци, оваа бројка изнесува околу 700.000. Проблемот кој го има секој дванаесетти Чех, а дел од нив се и деца, ја принуди Владата да предлага мерки за повеќе ограничувања на достапноста до алкохолните пијалоци.
Најавена е видео кампања, со која учениците уште во седмо одделение ќе се запознаат со последиците кои алкохолот ги остава врз мозокот.
Според експертите, децата почнуваат и порано со пиење алкохол, уште од 11-годишна возраст, а податоците говорат дека секој втор 13-годишник се опијанил барем еднаш.
На почетокот на минатата година беше отворена првата амбуланта специјализирана за деца-зависници и нивниот број уште веднаш покажа дека проблемот е алармантен.
Според лекарите, алкохолизмот е неизлечива болест и може да се лечи само со доживотна апстиненција, што според праксата, му се случува само на еден од десет алкохоличари.
Во Чешка, секоја година од предозирање со алкохол умираат 300 до 350 лица. Во најголем број случаи се работи за илегално набавен алкохол, кој содржи смртоносна доза на метанол.
Во просек еден Чех годишно испива 8,6 литри чист алкохол, што одговара на едно пиво дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата