Според новите прописи што ги изгласа ЕП бонитетните агенции како што се „Стандард енд Пурс“, „Мудис“ и „Фич“, ќе мораат многу појасно да ги образложат своите постапки. Од ЕП се заканија и со судски спорови доколку се откријат неправилности во работењето.
Парламентот го изгласа законот за заострување на правилата договорен од пратениците заедно со Европската комисија во ноември. Европскиот комесар за внатрешниот пазар Мишел Барни измените значително ќе го подобрат квалитетот на агенциите. Бонитетните агенции ќе мора да бидат потранспарентни при оценката на рејтингот на државите и ќе мораат да се придржуваат до построги правила, со што ќе имаат и поголема одговорност за намерни грешки, како и грешките од невнимание.
Истовремено се очекува новите правила да ја зголемат конкуренцијата во индустријата во која доминираат трите најголеми агенции, да се намали нивното влијание и да е елиминира конфликтот на интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст