| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен природен феномен: по 25 години, потопен град исплива на површина

Некогашниот туристички центар Лаго Епекуен, сместен на истоименото езеро на 550 километри од Буенос Аирес, по 25 години повторно излезе на површина.

Гратчето ненадејно било поплавено во 1985 година кога по долготрајните обилни дождови водата се излеала на брегот и достигнала длабочина од 10 метри.

Жителите, кои ги имало околу 1500, затекнати од ситуацијата едвај спасиле жива глава и избегале со најосновните работи.

–         Имав многу мачки и кучиња. Побегнаа неколку дена пред поплавите и никогаш не ги видов – раскажува за „Франс прес“ 48-годишната Норма Берг.

Лаго Епекуен важел за бањски центар кој имал по 20.000 туристи годишно. Гратчето имало 280 туристички објекти и со векови било познато како лекувалиште. Интересно е тоа што водата во езерото е солена, а се вели дека во ова место владее вечна пролет и дека лекувало од депресија, ревматизам, кожни болести, анемии…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top