| четврток, 6 декември 2018 |

„ЕУ како трансфер-унија“, оценува институтот „Вацлав Клаус“

vaclav klausЧешкиот институт „Вацлав Клаус“ во анализата во врска со актуелните економски проблеми на Кипар изнесува критички став кон Европската унија, по нејзината одлука да му помогне на Кипар со 10 милијарди евра. Во статијата „Кипарската криза и нејзиното решение без преседан“ се предупредува дека кипарската економија до 2008 година била „релативно здрава“ што многу брзо се промени бидејќи како последица на грчката криза Кипар се справи со сериозни економски проблеми.

Според тимот околу Вацлав Клаус, одлуката на Брисел за помош на Кипар наведува на заклучокот дека ЕУ ќе стане трансфер-унија која префрла пари од една во друга земја, односно од граѓани на една за граѓани на друга држава.

Исто така, експертите предупредуваат дека ова е прв случај во кој Европската унија посегнува по парите на индивидуалните луѓе зачувани во банките, чии последици ќе ги почувствуваат и Чесите кои имаат фирми на Кипар.

– Вложувањето пари во банка, која не е во ред, како и во земја која не е финансиски добра, е ризик, за кој секој треба да биде свесен. Тоа е здрав разум, но и општа мудрост за која треба да биде свесен секој што ја проживеал финансиската криза во 2008-2009 година и кој ги следи денешните должнички кризи на еврозоната. Проблемите на јужниот дел на еврозоната, околу Средоземно Море, секој мора да ги забележал – се констатира во анализата на чешкиот институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top