Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до петок во период од 9 до 17 часот во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, кој се наоѓа на ул. Дрезденска бб, организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на град Скопје.
Од Агенцијата ги повикуваат сите граѓани што имаат какви било нејаснотии поврзани со катастарот да дојдат и да се консултираат со вработените во Институцијата.
Оттаму информираат дека граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на телефонските броеви 3097-300 и 3097-337.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Мукоски: Ова се историски денови на бранење на државата, не се изгубени денови во Собранието