Вечерва Мерил Стрип по 19-ти пат ќе ги очекува резултатите од гласањето на членовите на Американската филмска академија, но актерката нe го држи рекордoт за номинации. За разлика од Стрип, која барем три од тие 19 пати ја освои статуетката, на Кевин О’Конел досега му се нема посреќено.
Имено, на O’Конел, кој е задолжен за совршениот звук на филмски хитови од „Војна на ѕвездите“, преку „Трансформери“, „Спајдермен“, „Армагедон“ и „Перл Харбор“, статуетката му избегала 20 пати.
Вечерва во „Долби“ театарот во Лос Анџелес ќе се одржи 87. издание на доделувањето на „Оскарите“, а за престижните награди годинава конкурираат 323 филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.