Пред помалку од половина час две возила се судрија на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во близина на стадионот Чаир. До сообраќајката дошло кога околу 13.20 часот кога две патнички возила со скопски регистарски таблички, „мерцедес“ и „пасат“, се судриле меѓу себе.
Според портпаролот на СВР Скопје, Лиза Бендевска, засега само двајца патници се пожалиле на повреди и се префрлени во Ургентниот центар, но увидот се уште трае и засега не се знаат причините за несреќата.
Фото: Ѓорги Личовски „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.