Во организација на Македонската православна црковната општина Св.Наум Охридски во Виена беше одржан хуманитарен концерт за поплавените подрачја во Македонија.
Хуманитарниот концерт со поздравниот говор го отвори секретарот на ЦУО Златко Николовски, а свое обраќање имаше и амбасадорката на Република Македонија во Виена, Василка Попоска Тренеска.
Изразувајќи благодарност до присутните за солидарноста кон сонародниците во нашата татковина, Попоска Тренеска упати пофални зборови и до организаторите Црковниот Управен одбор на МПЦО Св.Наум Охридски Виена и до естрадните уметници Сончица Ванева, Павле Кајмакоски со музичарите Перо и Филип, како и играорците од КУД „Македонка” Виена.
Од Црковниот одбор информираат дека на хунамитарниот концерт се собрани 6.000 евра, кои ќе бидат донирани на Црвениот Крст на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.