Македонките сè уште најмногу претпочитаат бразилска депилација, меѓутоа сè почесто се одлучуваат својот интимен дел да го украсат со фризура во облик на пеперутка, срце или ѕвезда, истражува „Убавина и здравје“.
Вработените во козметичките салони тврдат дека секој ден се среќаваат со необични барања за депилација на интимните делови, додавајќи дека не обожаваат да ги извршуваат. Но, доколку дамата инсистира и со себе донесе шаблон од посакуваната шара, тогаш желбата ќе ѝ биде исполнета.
Шаблони за интимна депилација можат да се најдат во козметички продавници. Изборот не е голем, па дамите можат да избираат само помеѓу романтично срце, ѕвезда, усни, гром, стрелка (партенорт да може да го пронајде правецот) или пеперутка.
Не ретко и мажите ги придружуваат своите партнерки во козметичкиот салон, а потоа им ја избираат „фризурата“ што најмногу им се допаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.