| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени „Златните малини“

Филмот „ Спасувајќи го Бозик“ со поранешната детска ѕвезда Кирк Камерон го завладеа победничкиот трон на годинешното доделување на „Златните малини“ за најлошите филмски остварувања.

 Сега 44-годишниот Кирк Камерон и неговиот филм се прогласени за големите победници на 35-то доделување на „Златните малини“ вчеравечер во Лос Анџелес, бидејќи ги понесоа наградите во четири од шесте категории, и тоа за најлош филм, најлош актер, најлошо сценарио и за најлоша филмска комбинација – за актер и за неговото его.

На Камерон Дијаз, пак, и припадна 4,97 долари вредниот трофеј за најлоша актерка во двете комедии „Одмазда во високи потпетици“ и „Снимки на секс“.

Ржисерот и Актер Бен Афлек, добитник на Златната малина во 2003 година, ја освои годинешнава награда за рехабилитирање, откако беше награден за промашувањето во филмот „Гигли“ се искупи со остварувањета „Aрго“ и „Gone Girl“.

„Златните малини“ се доделуваат ноќта спроти доделувањето на најпрестижните филмски признанија Оскарите, меѓутоа, нивните добитници ретко кога имаат храброст да се појават на церемонијата на врачувањето. Една од похрабрите беше Сандра Булок која во 2009 година ја подигна својта „златна малина“ за филмот „Се за Стив“ и наместо говор, го прочита на глас целото сценарио. Утредента доби Оскар за најдобра главна улога во „The Blind Side“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top