| четврток, 6 декември 2018 |

Героски во одбрана на Бошкоски и продажбата на името

gero za ljubeПрвите гласноговорници на опозицијата и поддржувачите на СДСМ, кој што „цел век“ се на платниот список на на соросовата фондација и во секоја прилика се против интересите на државата, по кој знае кој пат застанаа во одбрана на туѓите интереси. Во последниот случај од денеска, застанаа во одбрана на неодбранливото, во одбрана на очигледното, во одбрана на Љубе Бошкоски по објавувањето на видео снимката како тој директно и недвосмислено го продава името на државата, заедно со идентитетот на граѓаните и се она што е останато свето на Македонскиот народ- за пари од, според снимката, грчки емисар кој го фали Бошковски и му вели дека Атина е многу задоволна од него.

Притоа, на ВИДЕО снимката, снимка која според сите стандарди и тврдења на разузнавачите и експертите е невозможно да се монтира, Бошковски зема пари и признава дека ги зема за да нелегално ја финансира кампањата, што е нелегално и криминално дело.

Бранко Героски и СОРОС се обидуваат да ја девалвираат снимката на која Љубе ја открива и стратегијата како тоа ќе го стори, како прво ќе настапел патриотски, но предупредува за Атина да не му се лути, па кажува како Љубчо Георгиевски отворено се лигавел и со тоа и правел дури и штета на Грција, со што уште еднаш потврдува дека работи за грчки интереси, за потоа да каже и како по три дена ќе го затвори прашањето за кое Македонците се борат низ целата историја.

ljubeBi-640x396Героски и СОРОС се обидуваат да негираат како тоа Бошковски открива дека по три дена ќе ги убедува гласачите дека всушност смената на името е како „мајката која додала презиме“. Но не открива како ќе ги убеди дека ќе мора да бидат „Граѓани на Република Македонија“ и дека нема да бидат Македонци.

И сето тоа Героски и СОРОС  се обидуваат да го негираат, видео снимката да ја категоризираат како „наводна“, за потоа да ја поврзат со вчерашниот прес на Зоран Заев, аболициран криминалец кој сега е под истрага за соработка со странски служби и уценување на претседателот на владата, на која беше емитуван уште еден доказ за нелегална активност- прислушување, а која снимка наводно треба да биде доказ дека Бошкоски е „наместен и политички затвореник“.

Но, дури и да сака така да се прикаже, на емитуваното аудио нема ништо спорно, се посочува дури и тоа што на видеото го збори Бошкоски, дека странските пари за кампањата од продажбата на името треба да му се исплатата на три пати. Разговорот што се води на аудио- снимката само покажува дека има доволно докази, што е потврдено и од снимката, дека акцијата е организирана и дека за такво дела има определена казна.

Но, по молкот по објавувањето ан видео снимката, со која претходните манипулации на соросовите медиуми за квалификацијата на случајот Бошкоски како политички затвореник, паѓа во вода, бранењето и обидот за минимизирање на значењето на оваа видео снимка не е само смешна, туку и трагична манипулација која не минува кај граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top