| четврток, 6 декември 2018 |

Недолични извици и удари по прозорец – нападнат медиум, ќе реагира ли сега ЗНМ?!

pritisok_thumb_medium500_342

Дел од учесниците на денешниот протест пред Владата по објавените телефонски разговори од страна на СДСМ почнаа со провокации и притисок врз медиуми. Просториите на Радио Слободна Македонија (РСМ) кои се наоѓаат веднаш спроти зградата попладнево беа мета на незадоволните протестанти, кои започнале да тропаат по прозорите и да извикуваат недолични зборови, вели исплашена новинарка која била во просториите на радиото.

pritisok-2_thumb_medium500_388

Со ваквите постапки, СДСМ ја продолжува политиката на напади врз медиуми, провокации и етикетирања. Дел од партиските протестанти на опозицијата, како што може да се види на фотографиите на дело покажуваат што значи директен притисок врз медиум, во случајов РСМ, директно попречувајќи во програмата на радиото.

Останува да видиме дали конечно ЗНМ ќе собере храброст и ќе реагира на ваквите закани и притисоци кон медиум, кои се јасно видливи, или пак како многу пати досега ќе продолжи со молкот кога поддржувачите на опозицијата се во прашање.

pritisok-1_thumb_medium500_361

Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија неодамна со цел да им удоволи на тие на кои нема кој да им суди за нарушување на етичките норми во новинарството, донесе урамнотежена, а несуштинска одлука за текст објавен на „Република“. Да не поведат постапка, но сепак да ги задоволат страстите на подбуцнувачите и креаторите на случајот, напишаа воопштена формулација за некакво нарушување, со што докажаа дека ја преземаат улогата на инструмент, а не на независен заштитник на новинарските норми. Опозиционите медиуми финансирани од СОРОС посотјано навредуваат, обвинуваат, но ЗНМ ним не им суди. Не е навреда ниту давањето различни епитети за новинарите на „Република“ од страна на уредникот на „Плусинфо“. Тие се „генијалци“, ама „будали“… Не е омраза ни навредувањето од страна на Геровски на сопствениот народ, само затоа што гласале за другата страна, не за таа што тој ја поддржува. Нема навреда ниту во моментот „слепци“ упатен кон сите тие што не гледаат како него на политичката ситуација во земјава. Но ете, некој проценил дека за епитетите и навредите на Геровски нема причина за поведување постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top