| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во југозападна Кина, повеќе од 10 илјади лица настрадаа

земјотрес

Повеќе од 10 илјади луѓе се погодени од земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтер кој го погоди југозападниот дел од Кина, соопштија во саботата локалните власти а во извештајот сé уште нема прецизирани бројки за повредени или евентуални човечки жртви, како и за материјалните штети.

Според државната кинеска агенција Синхуа, земјотресот се случил во саботата наутро во провинцијата Јунан, а неговото жариште било на само 6 километри длабочина. Агенцијата според неофицијални информации пренесува дека биле разурнати околу 280 домови. Нема податоци за настрадани и загинати.

Провинцијата Јунан беше погодена од земјотрес со силина од 6,5 степени по Рихтер и во август минатата година. Тогаш загинаа 614 луѓе. Тој земјотрес погоди речиси милиони жители, повредени беа 2.400 луѓе а повеќе од 240 илјади беа евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top