Рускиот милијардер Сергеј Кацијев, сопственик на една тутунска компанија, стана нов соспственик на три хотели во познатото словенечко банско лекувалиште Рогашка Слатина.
Фирмата „Хета асет резолушен“ ги продаде Гранд хотел Рогашка, Хотелот Штросмајер и Хотел Стириа на рускиот бизнисмен Кацијев, сопственик на фирмата Мегаполис, пишува љубљанско Дело.
Како што наведе весникот, Кацијев не е прв руски инвеститори кој покажал интерес за словенечките бањи, бидејќи од април 2012 година Терме Марибор е во рацете на Руси, додека сопственик на Римски терми е Ерменецот Валериј Аракелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.