| четврток, 6 декември 2018 |

На Балканот му се закануваат нови поплави напролет, предупредува метеоролошки сервис

поплави
Познатиот метеоролошки сервис „Акуведер“ ја објави сезонската прогноза за пролет 2015 година во Европа, а се однесува на март, април, мај и на јуни. Прогнозите за Балканот не се добри. Тие гласат: повеќе дожд, поладно и опасност од поплави.
Иако станува збор за сезонска прогноза, која има свои ограничувања, факт е дека „Акуведер“ единствено мошне прецизно и точно предвиде какво ќе биде летото 2014 година во Европа.
Подрачјето кое би можело да биде погодено со поплавите се протега од централниот и јужниот дел на Италија, преку Балканскиот Полуостров, до Словачка и Романија и на југот до Грција и западна Турција.
Во раната пролет во планините на источна Европа се очекува и снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top