| четврток, 6 декември 2018 |

„Пајакот“ отстрани 82 возила

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на град Скопје од сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи.

Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 18 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 10 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top