| четврток, 6 декември 2018 |

Најморбидни работи што ги правеле луѓето низ историјата

Urine-as-Roman-Mouthwash

Во текот на човековата историја се правеле многу работи, кои од денешен аспект изгледаат морбидни.

Во продолжение следува листа на најморбидните работи што ги направиле луѓето во текот на минатите векови:

1. Во 18 век се мислело дека давеник може да се спаси ако во неговиот ректум се пушти чад од цигара. Не може.

2. Во Римско Царство забите и облеката биле чистени со урина.

3. Во Франција во 17 век биле горени живи мачки за среќа. Кога ќе им снемало мачки, користеле лисици.

4. Многу лекови кои се продавале на почетокот на 20 век имале чудни состојки. На пример, хероин, опиум, па дури и радиоактивен радиум. Јасно ви е дека не биле ефикасни, освен во убивање пациент.

5. Корсетите биле многу популарни кај жените. Иако го отежнувале дишењето, биле катастрофални за бремените жени и предизвикувале други здравствени проблми. Но, сѐ се правело за добар изглед и за тенок струк.

6. Некогаш по смртта на децата, нивните родители, браќа, сестри ги фотографирале починати за спомен. Во некои случаи околу починатото дете се собирало цело семејство за да се направи семејна фотографија за спомен.

7. Сѐ до 19 век кастрирањето било многу популарно во црквите. Најчесто биле кастрирани деца на кои им биле отсекувани тестисите за да го задржат „ангелскиот глас“.

8. Во 30-тите години на минатиот век голтањето жива златна рипка важело за „супер“ работа меѓу младите луѓе.

9. Лоботомојата се практикувала сѐ до 40-тите години на 20 век, на тој начин што мозокот на пациентот се подигал со метална игла која се вметнувала преку окото.

10. Радијацијата едно време беше вистински хит, па ренгенот бил користен дури и за одредување идеални чевли. Така луѓето непотребно се изложувале на радијација сѐ до 60-тите години на минатиот век.

11. Во викторијанско време хистеричните жени ги лекувале со вагинална масажа, која ја спроведувал доктор.

12. Бритнаската кралица Елизабета Прва обожувала слатки, па затоа забите и биле поцртнети, а некои дури и испаднале. Ова веднаш станало моден хит во високите кругови, па многумина се трудела да имаат исти такви заби.

13. Подврзувањето на нозето кај девојчињата во Кина било вообичаена практика, која била забранета дури во 1912 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top