Велешанецот Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека неговиот роден град не смее да биде злоупотребен од поразителните политики на Бранко Црвенковски, а во пресрет на локалните избори на 24 март.
– Оваа недела сите граѓани ќе бидат поставени пред избор, кој е човекот и кој е тимот што ќе го раководи Велес во следните четири години. Оваа недела ќе одлучиме дали во наредните четири години Велес ќе биде град во кој ќе се решаваат суштински проблеми и ќе се инвестира во капитални објекти и проекти или ќе биде град на кој позначајно му е тенката шминка, обоените фасади на десетина згради во центарот и изгледот единствено на главната улица во градот. На овие избори повторно се соочуваат два политички концепти. На една страна е опозицијата раководена од Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Тито Петковски, на другата страна е опцијата предводена од Никола Груевски, Зоран Ставревски, Владимир Пешевски и Гордана Јанкуловска. Има сериозна разлика помеѓу овие два политички концепти – смета Димовски.

Според него, зад Бранко, Љубчо и Тито останаа десетици затворени фабрики и фирми во Велес. Во нивните мандати се упропасти целото велешко стопанство, а десетина илјади луѓе останаа без работните места. Таа коалиција што денес вели дека е иднината, всушност е коалиција од најцрното минато во Велес.
– Нивниот кандидат Аце Коцевски дваесетина години е нивни верен и лојален соработник. Од 1994 до 1998 година беше пратеник од коалицијата на Црвенковски, во време на Љубчо беше висок државен советник во едно од министерствата на Владата, потоа уште девет години градоначалник на Велес, предложен од Црвенковски. Тој носи и лична одговорност. Бил подржувач на политиките на Бранко кога тој ја спроведуваше приватизацијата. Девет години тој беше градоначалник на Велес, што е доволно време да ги реши проблемите на Велес. Освен ситни поправки, боење фасади и две фонтани, ниту еден суштински и крупен проект не беше направен во неговото време. И кога стана градоначалник Велес ги имаше истите проблеми и кога си отиде. Единствено во тие години се зголеми бројот на невработени – рече Димовски.
Наспроти него, Чадиев е отворен и пристапен до секого. Го има секаде. Коцевски додека беше градоначалник не беше достапен ниту за обичните луѓе ниту за било кого, смета Димовски.
– Коцевски ветува дека сѐ ќе поправи. Цело време сам себеси се фали, а не кажува зошто не успеа во 9 години да ги реши проблемите. Колку ќе му требаат, 20 или 30 години? Во мандатот на СДСМ се зголеми цената за водата за 200 отсто, се рушеа дуќани, продавници и кафеани – рече Димовски, додавајќи дека за Коцевски Велес бил најдобра општина само во неговиот кабинет, но не и во реалноста, каде што граѓаните живееле со своите проблеми.
– Тој даваше лажни ветувања дека ќе гради булевар, театар, за Колска. Нема дадено денар за Рамина, ништо не направи за левата страна на градот – заврши Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)


