Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска во телефонски разговор со другите лидери од „нордиската четворка“ изјавил дека заземањето на источниот украински град Дебалцево од сепаратистите е во спротивност со договорот за запирање на огнот постигнат во Минск минатата недела.
Во соопштението објавено на веб страницата на украинското претседателство, се наведува дека Порошенко ги повикал останатите лидери да не сметаат дека тоа што се случи во Дебалцево не е во спротивност со договорот од Минск.
Лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија минатата недела во главниот град на Белорусија договорија прекин на огнот, што ќе биде проследено со повлекување на тешкото вооружување од двете страни на фронтот.
Сепаратистите тврдат дека Дебалцево, кој е важен железнички јазол, не е опфатен со договорот од Минск и продолжија со нападите врз градот, по што украинските војници се повлекоа од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.