| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто никој не сака да живее на овој рајски остров?

Среде пацификот се наоѓа остров на кој температурата цела година е над 17 степени, земја има, а шансите да ве нервираат соседите се минимални. Проблем е што таму никој не сака да живее.

Питкернските Острови се британска колонија, нејзина најмала, која денес брои помалку од 50 жители. Првите жители на овој остров биле бунтовници од бродот „ХМС Баунти“, заедно со нивниот лидер Флетчер Кристијан.

Локалното население на сите начини се обидува да привлече нови жители, но досега пристигнало само едно барање.

Интересно е дека уште 2004 година тој остров го погоди скандал со сексуално злоупотребување на деца, по што во затвор завршија шест мажи, вклучувајќи го и локалниот градоначалник Стив Кристиан, потомок на легендарниот Флетчер Кристиан.

Од тогаш популацијата на тој остров во живот ја одржува британската влада, а таа сѐ повеќе се намалува. Пред Втората светска војна на тој остров со површина од околу 3 квадратни километри живееле 200 жители.

Единствена врска на островот со цивилизацијата се бродовите кои тргнуваат од Нов Зеланд, но и нивната фреквентност е намалена, а оддалеченоста од Нов Зеланд е повеќе од 3.500 километри, пренесе „Телеграф“.

Постои само една продавница на островот, која работи три дена во неделата, а нарачките за храна мора да се направат три месеци однапред бидејќи сѐ доаѓа од Нов Зеланд.

Повеќето жители на тој остров се потомци на бунтовниците од „ХМС Баунти“. Со себе донеле шест полинезиски мажи и 12 жени од Тахити.

Џеки Кристиан (44), која го застапува островот во Европа и го промовира туристички, и сама признава дека островот се наоѓа „среде ништо“.

– Но еднаш кога сте таму, поврзани сте со остатокот од светот како и сите други. Островот има струја и интернет. Тоа е преубаво место и преубаво е да ги видите ѕвездите без заднинското светло на градовите. Таму е најсината вода која некогаш сте ја виделе – додава таа.

Извор : telegraph.co.uk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top