САД би можеле да ги оспособат и да ги опремат сириските бунтовници за од копно да ги управуваат воздушните напади на коалицијата против Исламската држава, соопшти Пентагон.
Примарно, обуките ќе се насочат кон основите на вооружените борби и не би вклучувале задачи во кои со авиони ќе се укажува каде се наоѓаат целите, истакна контраадмирал Џон Кирби, портпарол на американското Министерство за одбрана.
Но, според него, „не може да се исклучи можноста во даден момент да се процени како полезно тоа што бунтовниците можат да помогнат во воочување на метата на теренот“.
Околу 1.000 американски војници би требало да бидат распоредени во Турција, Саудиска Арабија и во Катар за да ги оспособуваат сириските бунтовници за да се борат против ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.