Редакцијата на весникот „Дневник“ за актер на годината го избра Петар Горко. Со ова признание Горко се стекна за улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар – Битола.
Свеченото врачување на наградата е на 20 март, во 20 часот, во Македонскиот народен театар. На наградениот ќе му биде врачена статуетка и вредносен чек од 60.000 денари.
Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.