| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Тери посакува договор уште една година

Капитенот на Челси оваа сезона доживува втора младост. Џон Тери е вистински лидер во тимот кој е прв на табелата во Премиер лигата и сигурно чекори кон титулата во Англија.
Тој посакува нов договор иако не мисли претерано на тоа. Иднината во клубот му е загарантирана и ја почитува одлуката на управата да не потпишува повеќегодишни договори со играчи кои се постари од 30 години.
Тери е во Челси од неговите тинејџерски денови и би бил задоволен со нов едногодишен договор иако веќе има 34 години.

– Би бил задоволен со договор на уште една година. Го прифаќам системот на договори „година за година“. Сепак немам преголем избор – изјави капитенот од Стемфорд Бриџ.

За сега сеуште нема никаква најава од управата. Но се очекува по продолжување на договорот со Еден Азар, на дневен ред ќе дојде и долгогодишниот столб во одбраната.

– Новиот договор со Азар беше приоритет во клубот и јас немам проблем со таа одлука. Секако сакам да останам во Лондон. Се надевам дека со своите игри ќе го докажам тоа дека заслужувам да потпишам уште на една година – заврши Тери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top