Дакота Џонсон имаше на кого да се огледа за секс-сцените и разголените кадри во „Педесет нијанси сиво“. Нејзината мајка, американската актерка Мелани Грифит уште на 17 години се појави гола на големото платно.
На 20-годишна возраст, пак, Грифит се појавува гола во израелскиот филм „Градина“ од 1977 година, во кој глуми загубена туристка која била сексуално злоупотребена.
Педесет и седумгодишната Грифит имаше проблематичен живот, полн проблеми со дрога и алкохол. Во Холивуд е позната по неколку романтични комедии и како сопругата на Антониот Бандерас со кого се разведе пред некоја година.
Со таткото на Дакота, Дон Џонсон, била во врска од 14 години, а нивниот брак траел само шест месеци. По него се омажи со Стивен Бауер, а со Бандерас беа во брак повеќе од една деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







