Условите за кредити на населението во последниот квартал од 2014 година се олеснети, додека кај претпријатијата се заострени, а побарувачката и во двата сегмента е зголемена, покажуваат податоците од кредитната активност на банките за тој квартал.
Анкетата покажува дека заострувањето на условите произлегува од поригорозните барања за обезбедување, кои за банките веќе трет квартал едноподруго се фактор со рестриктивно влијание врз вкупните кредитни услови.
Факторите што влијаеле врз кредитните услови се поврзани со очекувањата за перспективите на поединечните фирми и економски гранки, какои трошоците поврзани со капиталната позиција на банката.
Банките во анкетата укажуваат на намалена цена на корпоративните кредити, која е двојно поголема.
Побарувачката на кредити од претпријатијата забележала зголемување од 31,8 на 51,6 проценти во последниот квартал.
За зголемување на побарувачката најмногу влијаеле инвестициите во резерви и во обртен капитал, како и преструктуирање на долгот. Влијание има и потребата за инвестиции во основни средства.
Во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити со умерена поголема динамика во однос на очекувањата дадени во минатата анкета.
Кај кредитите на населението во последниот квартал е забележано најголемо олеснување од почетокот на годината, особено кај станбените, кај кои олеснувањето е историско од 2006 година, од кога се спроведува анкетата. Олеснувањето на кредитните услови продолжи и кај потрошувачките кредити.
Олеснувањата се во најголем дел извршени преку камантната стапка, особено нагласено кај станбените кредити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст