| четврток, 6 декември 2018 |

Јосиповиќ официјално ѝ ја предаде должноста на Грабар-Китаровиќ

колинда

Хрватскиот претседател во заминување Иво Јосиповиќ денеска официјално и ја предаде должноста на новоизбраната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Церемонијата на примопредавање се одржа во канцеларијата на претседателот, каде претседателскиот мандат на Грабар-Китаровиќ официјално почнува на полноќ.

– Имавме интересен и добар состанок. Ја запознав со сите детали на функционирање на канцеларијатра за полесно и веднаш да почне да работи. Уште еднаш и честитам и и посакувам успешна работа, изјави Јосиповиќ по состанокот.

Грабар-Китаровиќ наведе дека е задоволна од разговорот и му посака на Јосиповиќ успех во политичка кариера и во приватниот живот.

Во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, Грабар-Китаровиќ го победи Јосиповиќ и стана првата жена претседател во хрватската историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top